EN
MK

Јавен повик за пријавување на штети од природна непогода - град

Институција која огласува: Општина Росоман

Рок на пријавување: 09/07/2024

ЈАBЕН ПОВИК

Се повикуваат жителите на Општина Росоман и околините места кои што имаат претрпено материјална штета од природна непогода — град, која што ги зафати катастарските општини на територија на Општина Росоман на ден 27.06.2024 година, истата да ја пријават во просториите на општина Росоман. Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден почнувајќи од 02.07.2024 година до 09.07.2024 година, во периодот од 09:00 часот до 15:00 часот. Покрај барањето, пријавите да бидат дополнети со фотокопија од лична карта на подносител, трансакциона сметка и доказ за сопственост на имот (имотен лист или договор за закуп).

Јавен повик

Мени за пристапност