Ве информираме дека Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе финансира реновирање на неискористени општински простории и нивна пренамена во предучилишни занимални.
За таа цел, Општина Росоман објавува нацрт-документ: Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања, за јавен увид во наредните 14 дена. Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности. Заинтересираните граѓани можат да достават коментари за Контролната листа, користејќи го приложениот образец или со испраќање порака на следните е-пошти:
- radmila_smilkova@yahoo.com.
- zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот).