EN
MK

Потпишани договори за кофинансирање на проектот “TERRA VINO”

Потпишани договори за кофинансирање на проектот “TERRA VINO”

Во Владата на Република Македонија, Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, и градоначалникот на општина Росоман Бранко Јанев како и Фондацијата „Тиквешки вински пат”   потпишаа договори за кофинансирање на проектот “TERRA VINO” од првиот јавен повик во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција.

Станува збор за проектот „Тера вино”, или „Земја на виното”. Македонската страна добива 268.105 евра, од кои 40.215 евра кофинансирани од Министерството за локална самоуправа, а 227.889 евра од Европската унија.

Мени за пристапност