Закажана е 29-тата седница на Советот на општина Росоман по Решение бр. 08- 600/1
29- тата седница на Советот на општина Росоман ќе се одржи на 28.11.2019 година (Четврток) со почеток во 12 часот.
Дневен ред
1.Предлог Извештај од комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата одржана на ден 18.11.2019 година
1.1. Предлог Одлука за доставување на предлог проект во рамки на проектот: Градење капацитети кај општините за имплементација на проекти, Повик за предлози:Развој на техничка документација за финансирање инфраструктурни проекти од национални и меѓународни развојни фондови.
2. Предлог Програма за одбележување на Денот на општина Росоман “17 Декември 2019 година”
Претседател на Совет на општина Росоман
Маријонка Печевска