Оваа година за прв пат на предлог на градоначалникот а со одлука на Советот на општина Росоман за првачињата кои го започнаа својот образовен процес, им беше доделен училишен прибор.
По летниот распуст се врати детскиот џагор во училишниот двор. Започна новата учебна година и во ООУ “Пере Тошев”. На учениците им посакуваме многу успех, радост, дружења и се разбира многу нови научени работи, а на наставниците неброени работни успеси во остварување на мисијата да пренесат знаење и да воспитааат нови генерации здрави личности.