Завршува со изградба локалниот пат до с.Мрзен Ораовец, во оваа фаза се асфалтираат 850 метри со што граѓаните кои го користат овој пат ке добијат подобрена инфраструктура и ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Вкупната финансиска конструкција на проектот е 3.401.173 денари, од кои 2.000.000 денари се обезбедени од страна на Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој додека останатите се кофинансирани од страна на општина Росоман.