Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22), Општина Росоман, на ден 15.12.2023 година, донесе
Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена А3.3 Згради за времен престој на пензионери, стари и немоќни лица на КП 573/1 и КП 570/2, КО Рибарци, општина Росоман, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Росоман, www.rosoman.gov.mk
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска и на И оцена донесувањето на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат урбанистички план за намена А3.3 Згради за времен престој на пензионери, стари немоќни лица на КП 573/1 и КП 570/2, КО Рибарци, општина Росоман, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: може да се заклучи дека преовладуваат погодностите наспроти ограничувањата за на овој простор да се организира функционална урбанистичка целина со намена А3.3- Згради за времен престој на пензионери, стари и немоќни лица. При планирањето на просторот, потребно е да се овозможи солиден стандард во однос на квалитетот на градбите, функционалноста, обликовните квалитети и инфраструктурната опслуженост на локалитетот, како и да се обезбеди негово квалитетно сообраќајно поврзување со околната патна мрежа, во согласност со важечките прописи и современите практики од областа на урбанизмот.
4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.