Врз основа на член 50 став 1 точка 13 и 14 од Законот за локална самоуправа („,Службен весник на РМ,, 5/02) и член 22 став 1 алинеја 8 и 12 од Статутот на општина Росоман, Градоначалникот на општина Росоман на ден 13.09.2022 година, донесе
ОДЛУКА за утврдување на пауза за време на работно време
Член 1 - оваа Одлука се утврдува почетокот и завршетокот на паузата за време на работното време на вработените во општина Росоман.
Член 2 - Правото на пауза за вработените во општина Росоман е утврдено да биде со времетраење од 12:00 часот до 12:30 часот.
Член 3 - Оваа Одлука стапува во сила веднаш, а ќе почне да се применува од 14.09.2022 година.