EN
MK

Повик од Австралиска амбасада за достава на предлог проекти за мали грантови

Повик од Австралиска амбасада за достава на предлог проекти за мали грантови

Повик од Австралиската амбасада во Белград за достава на предлог-проекти за мали грантови

Програмата за директна помош (ДАП) при Австралиската Амбасада во Белград е отворена за доставување на предлог-проекти од три земји: Србија, Република Македонија и Црна Гора. Програмата е достапна за невладини организации, граѓански организации, како и организации кои бараат средства за спроведување на активности/проекти, кои ги опфаќаат следните приоритети:

  • Промовирање на човековите права, слобода на изразување и добро владеење
  • Промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на жените, како двигатели на економскиот раст
  • Поттикнување на инклузивноста на лицата со посебни потреби.

ДАП претставува флексибилна програма за мали грантови, кои се финансирани од Австралискиот буџет за помош, како и управувани од Австралиската Амбасада во Белград.

Апликациите треба да се испратат по електронска пошта најдоцна до 30 септември на следната електронска адреса: belgrade.embassy@dfat.gov.au.

Формуларот за апликација и инструкциите може да се најдат на електронската адреса: https://serbia.embassy.gov.au/bgde/direct-aid-program.html, а дополнителни информации за австралиската програма за директна помош се наоѓаат на: https://dfat.gov.au/people-to-people/direct-aid-program/Pages/direct-aid-program.aspx.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани во месец октомври, 2018 година.

Мени за пристапност