Со овој проект ќе се надминат проблемите кои доаѓаат од атмосферски води а кои најмногу прават проблеми на улиците Стерјо Несторовски , Никола Карев и магистралниот пат Градско-Прилеп.
Започна со изведба проектот во општина Росоман за финализирање на каналот за отпадни води во Росоман. Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а проектот е аплициран од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион. Вкупната финансиска конструкција на проектот е 1.608.540 денари.